СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Kia KLTV Cargo Truck: униформираната страна на Корејците

 

На салонот за војна опрема, IDEX Expo кој се одржува во Арапските Емирати, Kia го прикажа концептот KLTV Cargo Truck кој е модуларно формациско возило.

KLTV Cargo Truck секако нема да го најдете во салоните на Kia. Неговата намена е да служи „воен рок“ во тешки армиски услови.

Ништо необично некој производител на возила да си ја покаже својата цврста страна. Но кога некој за прв пат на меѓународна сцена нуди воено возило, интересот е сосема разбирлив.

Тактичкиот транспортер, прикажан како концепт на салонот, е наречен KLTV Cargo Truck со што јасно дава до знаење дека може да биде користен како за транспорт на војници така и за различна воена опрема.

Во кабината има место за четворица додека во отворениот дел може да пренесе уште 10 војници заедно со нивното лично вооружување. Ако ги нема војниците, тогаш може да пренесе опрема со тежина до три тона.

За секој формациски транспортер многу е нормално да поседува погон на сите тркала.

Но автоматски 8-степен менувач и разместување на тркалата на самите агли, се решенија кои малку отстапуваат од досега видените конструкции.

Згора на тоа опремувањето со run-flat пневматици, потоа со капацитетен клима уред, и редица заштитни системи за комуникација, претставува своеврсно отстапување од важечките стандарди.

Погонскиот дизелски агрегат со 225 КС е сместен на предната страна од мулти функционалната шасија која може да биде надградена спрема специфичните потреби. За да ја надополниме приказната, ќе го кажеме и фактот кој говори дека Kia како дел од Hyundai Group, веќе петта година ја опремува Корејската армија со формациски возила.

 

 

извор: Hyundai Motor Group

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV