Со одлука на Националното жири пет модели: Volvo XC40, Ford Focus, Opel Grandlend X, Kia Ceed и Citroen C5 Aircross ќе ја водат конечната битка за престижната титула.
Во фаза кога се избрани пет финалисти, на Националното Жири за избор на Автомобил на годината во Македонија, му останува само уште финалното заедничко дружење за да ја дополни сликата за секој финалист посебно, и да потоа го донесе конечниот суд.
На годинешниот Избор, кој патем речено континуирано се одржува по 24. пат, финалната битка ќе ја водат пет модели од ист толкав број производители.
Volvo XC40, Ford Focus, Opel Grandlend X, Kia Ceed и Citroen C5 Aircross ќе ја бијат финалната битка за освојување на најпрестижната автомобилска титула во нашата земја.
Пред самото гласање на Жирито, ќе биде одржано уште едно дружење со сите финалисти при што учесниците ќе имаат можност да ги возат конкурентските модели.
Според најавите, идната недела (07. и 08. февруари) караванот со финалистите, збогатен со минатогодишниот победник, ќе го посети Дојран каде што учесниците освен возењето ќе имаат можност да и ги претстават сопствените модели на останатите финалисти.
Како и минативе години, Националното жири ќе ги објави резултатите околу средината на месец февруар. Во случај титулата „Автомобил на годината“ да ја освои возило кое не припаѓа на SUV/ Crossover категоријата, тогаш тој е апсолутен победник а за SUV/ Crossover категоријата се доделува посебно признание.
Во продолжение погледнете ги годинешниве финалисти, и одберет си го вашиот фаворит.
Opel Grandland X
Ford Focus
Volvo XC40
Kia Ceed
Citroen C5 Aircross