СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Зошто Кинезите во иднина ќе владеат со автомобилските пазари?

Во моментов не постои кинески производител на возила кој може да биде конкурентен на западните пазари, но, со етаблирањето на електричните технологии тоа ќе се промени. Еве жив доказ за тоа.

Моделот што го гледате на сликите има ознака E-HS9 и е голем и луксузен SUV подготвен од најстариот кинески производител Hongqi.

Тој беше најавен со концептот Е115 кој Кинезите го покажаа лани на салонот во Франкфурт.

Долг е 5.2 метри, широк 2.0, висок 1.73 метри и има меѓуоскино растојание од раскошни 3.11 метри.

Финалниот изглед открива интересни детали, како издолжената маска и вертикално позиционираните дневни ЛЕД светла.

Освен театралноста на предниот дел, дизајнот генерално е складен, посебно во внатрешноста, која ќе доаѓа со две конфигурации – со седум или четири седишта.

Го задвижуваат два електромотори – со 215 коњи напред и 295 назад. Батериите имаат капацитет од 92,4 kWh, а производителот споменува некои 500 километри автономија.

Се знае и цената – ќе се движи меѓу 67 и 77 илјади долари. Првите испораки се очекуваат во септември.

Оваа марка чие име во превод значи црвено знаме, во минатото, времето пред кинескиот пазар да се отвори за странските марки, произведуваше возила само за високите партиски функционери.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот