СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Opel Astra L: француско-германска лубов во компактен формат

 

Opel ги лиферува првичните информации за Astra според кои таа ќе се гради во матичната фабрика во Риселсхајм заедно со корпарацискиот близнак DS 4.

Foto: Avarvarii

Сoвремениве корпорациски соработки се покажуваат како многу корисни. И плодни, а и штедливи – заедничкиот развој е далеку поекономичен.

PSA (Peugeot, Citroen, DS, Opel) групацијата е одличен пример како треба да функционира современиот автомобилски свет.

Актуелната Astra (Astra К) на пазарот е присутна од есента 2015-та. Идната година, по точно 6 години, ќе настапи наследникот за кој веќе се лиферувани првичните информации.

Очекувано, Astra L ќе биде поставена на корпорациската EMP 2 (Efficient Modular Platform) платформа. Идентична користат Peugeot 308 и неговиот поголем брат, 508, а веројатно и идната генерација на Insignia.

Германскиот производител посебно го истакнува фактот што шестата генерација на Astra ќе се гради во Риселсхајм, покрај Insignia и заедно со идниот DS 4.

Покрај платформата групациски ќе бидат моторите, менувачите, електричните компоненти, контролната електроника. Освен различниот облик, германските инженери разликата ќе ја направат во спортското подесување кое карактерно ќе биде поинаквo од француските роднини подесени на удобност.

Како новина се најавува бензиски турбо од 1.6 литри кој би требало да испорачува максимални 250 КС. Во комбинација со два електромотори од плагин системот најсилната Astra ќе има 500 КС распоредени на двете оски. Целосно електрична верзија не е воопшто најавена!

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот