EMotion е електро автомобил од данскиот производител Fisker во кого ќе бидат вградени Solid-State батерии кои се полнат извонредно брзо а имаат капацитет што овозможува автономија од цели 800 км.
Новата Solid-State батерија
Дали е на повидок револуција во напојувањето на електричните возила? Хенрик Фискер токму тоа го најавува.
Од 2023 година спортскиот Е-автомобил сериски ќе биде опремен со Solid-State батерии кои, замислете, овозможуваат автономија од 800 киломтери со едно полнење, кое патем речено не трае подолго од една минута.
Данците веќе го имаат заштитено патентот а пробни возила веќе ги стекнуваат првите практични искуства.
Станува збор за технологија на „цврсти батерии“ во чиј развој учествува и производителот на правосмуклаки Dyson кој исто така покажува амбиции за влез во производство на електрични возила.
Посебноста на технологијата “Solid-State-Battery”е што во однос на сегашните литиум-јонски батерии имаат 2.5 пати поголема густина на енергијата. Уште поважно, со примената на оваа технологија, и посебно со развојот на материјалите и нивното оптимизирање, ќе се реши уште еден голем проблем.
Fisker EMotion прикажан на CES 2018
Секако мислиме на цената која за две третини ќе биде пониска од литиум јонските батерии кои ќе се произведуваат во 2020 година.
За да се увериме душте еднаш во вистината дека едно добро никогаш не доаѓа само, од Fisker тврдат дека сигурноста и животниот век на новите батери ќе биде значително подолг од тие што денес се произведуваат.
За перспективата која им престои на “Solid-State” батериите говори и фактот што и најголемите производители на батерии како што се Samsung и LG како и производителите на возила Hyundai и Toyota интензивно работат на развој на батерии базирани на оваа технологија.
Сепак, по се изгледа дека сериското деби ќе го имаат данците во спортскиот, Fisker Emotion.