СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Европските фабрики се отвораат, но …

 

Патот на пост-пандемското заздравување на европската автомобилска индустрија ќе биде мачен и долг – ќе трае до 2022 година

После принудната пауза, европските автомобилски фабрики полека, една по една, повторно се отвораат, но со ограничени капацитети.

Поинаку и не може – заради строгите епидемиолошки мерки се воведуваат нови протоколи за работа, што бара темелност во организираноста.

Ниту добавувачите не може да ги гарантираат испораките, заради тоа што и тие ги имаат истите проблеми.

На ова треба да се додадат и намалената побарувачка и наталожените залихи од порано произведени, а непродадени возила. Надеж сепак постои бидејќи неактивноста на погоните под блокадата на коронавирусот траеше помалку отколку што се очекуваше.

Но прогнозите и понатаму не се оптимистички – тие велат дека e разумно да се претпостави дека ќе проработат околу 90 проценти од погоните, со во просек 50 проценти капацитет.

Сето ова директно влијание врз вработеноста, а последиците ќе ги почувствуваат 2.6 милиони луѓе, што е дури 44% од работната сила во европската автомобилска индустрија.

Погоните на најголемиот европски производител, групацијата VW, работат сите до еден но со капацитет од 60% до 90%.

Работат и сите фабрики на Renault, вклучително и оние во Мароко и Романија, но некои место поранешните три, сега само во две, па дури и во една смена.

Volvo пак вели дека производството во својата фабрика во Белгија е вратено на претходното ниво. Просечното време кога фабриките не работеа траеше околу 30 работни дена – најдолго во Италија и Велика Британија (41 ден), а најкратко во Шведска, само 15.

Асоцијацијата на автомобилските производители во Европа ACEA претходно процени дека годинава ќе бидат произведени најмалку 2,5 милиони помалку моторни возила – автомобили, автобуси и камиони. Се очекува ланското ниво на производство да се поврати во 2022 година.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV