СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Mercedes и BMW ја прекинаа соработката за развој на автономни возила

 

После само година и некој месец, BMW и Mercedes ја прекинаа соработката во развојот на автономните возила.

Во февруари лани, BMW и Mercedes потпишаа меморандум за разбирање со кој се дефинираше нивната соработка во развојот на автономните технологии, кои како кажаа тогаш, ќе бидат клучни за идната мобилност.

Нешто подоцна го одредија и правецот во кој заедничкото работење ќе се одвива – фокусот на почетокот би бил на унапредување на системите за помош на возачот.

Тие подоцна со нивна интеграција би овозможиле одредени автономни дејствија, како на пример самопаркирање и возење по автопатиштата.

Во перспектива тоа требаше да нарасне во технологија која овозможува автономно возење од ниво 4, но место тоа дојде до прекин на практично сé уште не започнатата соработка бидејќи беа спречени да одржуваат меѓусебни работни средби и состаноци со евентуалните добавувачи.

Заради тоа, како што соопштија германските премиум производители, после опсежните анализи обете страни заклучиле дека со оглед на трошоците и моменталните услови за работа, не е добро време за успешно спроведување на соработката.

Место тоа проценето е дека е подобро секој понатаму да си оди по поставениот пат и со сопствените размислувања каков тој треба да биде. Така, со заедничка согласност, соработката е прекината, но оставена е можност во некоја поубава иднина да се обнови.

Двете компании се договорија и секоја независно да може да вклучува други партнери во сопствениот развој на автономните технологии.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV