СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Наше мислење

Дали ќе преживеат автомобилите

 

Пишува: Агрон Сулејман

Сведоци сме на постепено замирање на дизел моторите, дали на ред ред ќе дојде и егзекуција на бензинците за да на крајот се возиме само со електрични возила?

На почетокот беше приказната со ограничените ресурси на „фосилните“ горива, потоа бевме сеиорзно заплашувани со ширење на озонската дупка за на крајот да ни биде пласиран единствениот излез – електрични автомобили!

Зад ова сценарио застанаа најеминентните светски научни институции. И не убедија во нивната вистина.

Во меѓувреме некои дисиденти од нивните редови кои во моменти на напад на искреност (или основана грижа на совест) ги демантираа овие тврдење (со печат на научни сознанија) за да потоа истите тие научници културно (или брутално) бидат замолчени.

Како и да е, сценариото за редистрибуција на енергетските ресурси продолжува. За што всушност станува збор! Кога светот еднаш ќе се ослободи од зависноста на нафтените резерви, кои нели, секогаш се наоѓаат на погрешна локација, ќе се понуди спасоносното решение – сободен пласман на електрична енергија.

Во тој момент на сцена стапува високата технологија односно електричната енергија добиена од нуклераки. Автомобилите покренувани со електрична енергија ќе бидат логична последица на тоа одлично замислено сценарио.

 

Како до таа цел

Првата фаза во актуелизирање на емисијата на штетни гасови од возилата, ја видовме. Воведувањето на сé построги еколошки норми од страна на меѓународните регулаторни комисии ги доведоа производителите до ситуација да мамат со податоците.

Резултатот е очигледен: дизел моторите се (полу)мртви! Не е тешко да се претпостави и судбината на бензинските мотори. Алтернативата ни се нуди во облик на целосно електрични возила. И на ова поле главниот збор ќе го водат исклучиво високо развиените држави.

Не станува збор за погонот измислен уште од генијалниот Никола Тесла, туку за производството на неопходните батерии. Во играта со електро мобилноста сега се вклучени речиси сите релевантни играчи. Сведоци сме на наплив на возила на струја, а објавените планови говорат за целосна електрификација која би требало да се случи помеѓу 2025 и 2030 година.

 

Што велат германците

Во Германија моментално има околу 47 милиони регистрирани возила. Уште поважен е фактот што германските производители се една од најмоќните автомобилски групации во светот.

Нивната технолошка гордост по инерција ги натера  да се впуштат во развој на електрични автомобили. Отидоа до таму да неколку градови веќе воведоа забрана на постарите дизели да возат низ загадените градски квартови.

Но сега како рачната сопирачка да е крената, барем така може да се сфати ретерирањето од тврдите зеленашки позициии. Па побогу, во вкупната  емисија на штетните гасови автомобилите учествуваат со едвај дваесетина проценти. Зарем е тоа причината да се унакази германската автомобилска гордост која се гради и негува уште од 1886 година?!

Реакцијата веќе е подготвена – во најновата понуда сеуште се вклучени возила со дизел мотори, од кои има и целосно нови продукти (Mercedes-Benz, BMW, VW). Ова е битката од која нема враќање назад – или прифаќање на поразот или продолжување на борбата со производство на автомобили кои ги сака целиот свет.

Останатите големи автомобилски нации, со мала задршка го чекаат епилогот, но и нивниот одговор е на иста линија со германците. Од друга страна јапонците сеуште тврдоглаво ги фаворизираат своите хибридни погони.

 

Електромобилите го убиваат меракот

Интересна е теоријата која вели дека високата цена на електро-автомобилите ќе биде заменета со колективен превоз. Дали тоа значи дека индивидуалната мобилност ќе биде привилегија само на одредена каста?

Ако се погледнат досегашните мерки на регулаторите кои се сé построги кон емисиите на гасови, ограничувањето на брзините, и секако, воведувањето на автономно управување кај електричните возилата, станува јасно дека меракот за возење постепно ќе биде пригушуван.

 

Што можеме да очекуваме

Дали на зацртаната глобална стратегија некој може да и застане на пат. Во моментов ситуацијата изгледа губитничка. На вешто поставените стратегиски замки се фатија сите релевантни производители. „Протерувањето“ на Volkswagen од американскиот пазар, помина со неочекувано млаки реакции од конкурентите.

Тука пред се мислиме на јапонците кои се понадеваа дека ќе го заземат нејзиното место. Но, планот насочен против класичните мотори го почуствуваа сите. Никој во Америка не сака да пазари дизели, а во Европа порачките на возила со мотор на нафта драматично опаѓаат.

Кинезите како најголем светски пазар, никогаш и не ја „мирисале“ многу нафтата (???) туку преферираат бензин, постојано интензивирајќи ја работата на алтерантивни погони.

Звучи легитимно и логично да ја поставиме дилемата за нивно замешателство во преферирање на новите технологии. Чудно некое совпаѓање на американските и кинеските интереси! Конкретниот германско-француско-јапонски одговор, во облик на нова генерација на дизели и бензинци, веќе е во подготовка.

Без дилеми, нé очекува бурна и неизвесна автомобилска иднина!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Наше мислење