Европа веќе забрзанo работи на префрлање од мотори со внатрешно согорување на погон со нулта емисија на штетни гасови.
Европскиот парламент донесе конечна одлука во која децидно се вели дека од 2035 година новите возила во атмосфератане смеат да испуштаат никакви штетни материи.
Драматичната одлука не остана без одек во германските автомобилски кругови.
Eкспертите од индустријата гласно негодуваат и најавуваат активности за укинување (или барем одложување) на одлуките.
Седницата на Европската комисија на која што требаше да се верификува одлуката на Парламентот за сега е одложена.
Преседанот во функционирањето на европските институции се правда со барањето на Германија и на уште четири други земји за вметнување одредба во законот со која ќе биде дозволена употребата на Е-горива (синтетички горива кои не загадуваат).
Со тоа би се спасиле моторите со внатрешно согорување, а би се исплатил и развојот на овие горива во кои Германија и Италија имаат вложено големи ресурси.
За додатно комплицирање на состојбите се погрижија партиите на Зелените помеѓу кои најгласни беа токму германските претставници. Од друга страна, Франција и Шпанија инсистираат на примена на донесената одлука на Европскиот парламент.
Во меѓувреме пристигнуваат вести дека Volkswagen, како најголем германски производител, го префрла развојот на ICE моторите во својата Чешка филијала, Skoda.
Во очекување на усогласување на политичарите со водечките луѓе од индустријата, интересно е да ги погледнеме и двете можни сценарија, погледнати од наш аспект.
Ако баш мораме,…
Првата опција, веројатно и најреалната, е донесената регулатива да се почитува, односно класичните мотори да опстанат во автомобилите до 2035 година.
Во тој случај, а во некои области со веќе започнат процес на прифаќање на ЕУ регулативите, ќе мора и ние да се прилагодиме. Секако со многу практични проблеми кои ќе треба попатно да ги решаваме.
Енергетскиот аспект не би бил толку нерешив колку можеби тоа нам ни се чини. Ние нафта и гас секако немаме, а ресурсите за производство на електричната енергија ни се прилично ограничени.
Убаво звучи податокот дека низ годината имаме преку 300 сончеви денови, но сеуште сме многу далеку од производство на позначајни количини струја од обновливи извори.
Значи во секој случај енергија ќе мора да увезуваме. А тоа е многу поефикасно, почисто и поисплатливо со струјата отколку да носиме нафта и нејзини деривати. На прашањето каде ќе најдеме слободни количини електрика за купување, одговорот е многу едноставен – кај тие што ја имаат.
Тука неминовно се наметнува прашањето за потребната инфраструктура за полнење на батериите. Лицата упатени во струката веднаш ќе објаснат дека всушност се работи за полначи (трансформатори и конвертори на наизменична во еднонасочна струја) кои можат да се постават на било која точка каде што има квалитетен довод.
Поедноставено кажано, гледано од технички аспект, поголеми проблеми не би требало да има.
Ние никаде не брзаме
Со што ние би се соочиле ако сепак ЕК ја верификува одлуката на ЕП? Под претпоставка, а веројатно и поомилена кај поголемиот број возачи, е да не мора да ги прифатиме европските закони.
Убаво ќе биде да се возиме со раскошни автомобили под чиј капак гордо се вртат бензинци (дизелите веќе стануваат реткост) со четири, шест или осум комори за согорување.
Проблем е што истите нема да смеат да се произведуваат во Европа, туку да доаѓаат од друг континент. Освен продажбата, европските производители ќе бидат обврзани да произведуваат само електрични возила.
Легитимно е да се праша, кој светски производител ќе има интерес да носи во Европа автомобили за мал пазар како што е нашиот.
Отприлика во таков амбиент ќе се најдеме ако повторно го демонстрираме нашиот надалеку познат балкански опортунизам, па во така ограничен маневарски простор би требало да функционираме.
Што до 2035 година?
Втората варијанта е прифаќање на германските приговори и продолжување на животот на возилата во кои се вртат класични мотори. Тоа би значело употреба исклучиво на Е-горива чие производство, барем засега, е поприлично ограничено.
По наше лично мислење, ништо спектакуларно нема да се случи дури и ако „амандмански“ се корегира веќе донесената одлука на Европарламентот. Знаејќи го тоа производителите на електрична опрема веќе тријат раце.
Да се потсетиме, во 2025 год. би требало на сила да стапат новите Euro 7 норми против загадувањето. Со нив практично би требало да се елиминираат дизел возилата, а бензинците ќе мора да дибијат електрична асистенција.
Иако тајминзите за примена на новата регулатива изгледаат некаде далеку во иднината, за индустријата терминиве се „речиси утре“.
Се збори за драматични промени кои значат голема технолошка револуција. А добро знаеме дека револуциите носат суштински промени. Кои промени и што од тоа ние, сакале или не, ќе мора да прифатиме? Многу работи нема да зависат од нас, па затоа ќе биде добро на време да се престроиме.
Приговорите од типот, кој се тие да ни кажуваат, ЕУ ќе пропадне до тогаш, зошто ни се мешаат дома, … се муабети без никаква врска со реалните случувања. Тоа се светски процеси кои и многу помоќни држави од нашата не можат да ги сменат.
текст: Агрон Сулејман
Интересно
-
Наше мислење
/ пред 2 минутиДржавата ќе го спасува Volkswagen
Опстанокот на големите автомобилски групации не е можен без државна поптпора. Пост пандемискиот...
Од Autoinfo.mk -
Актуелен Миг
/ пред 4 неделиДомашна премиера на BMW X3
Четвртата генерација на BMW X3 доаѓа со целосно нов изглед, со бензиски, дизел...
Од Autoinfo.mk -
Колумни
/ пред 2 месециЕвропа ја губи трката
Кризата во автомобилската индустрија се посилно ја притиска европската економија. Состојбите воопшто не...
Од Autoinfo.mk