СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Во март месец на европскиот пазар пласирани над 125 илјади електрифицирани возила

 

И покрај благиот пад што се бележи на европскиот автомобилски пазар, продажбата на електрифицираните возила забележа рекордна бројка од 125.400 возила.

Веднаш да расчистиме, во случајот говориме за електрифицирани возила под што подразбираме хибридни, plug-in хибрдини и чисто електрични возила.

Трендот на постигнување на рекордни продажби, според аналитичарите на “JATO”, оди на сметка на возилата со мотори на нафта чиј процент е во постојан пад.

Ако во минатото говоревме за приближен однос од 50:50 во продажбата на бензиски и дизел возила, сега тој однос драматично се менува.

Зголемената понуда и поприфатливите цени, пред се на хибридните модели, од една, како и постојаниот пораст на цените на моделите со дизелски мотори предизвикани од исполнувањето на еколошките норми, од друга страна, силно влијаат на промена на односите.

Со постигнатата продажба во месец март, електрифицираните возила достигнаа удел во продажбата од 7.1%, возилата со бензиски мотори добија 60 проценти додека на дизелите отпаднаа само 31%.

Ако се погледене продажната бројка на електрифицирани возила – хибриди, plug-in хибрди и чисто електрични возила – може да се констатира дека таа ја надминува продажната бројката на вкупнo пласираните возила во поголемиот број европски држави.

Што може да се очекува во иднина?

По се изгледа, бројката на електрифицирани возила и понатаму ќе расте, а и покрај жилавоста што ја покажуваат моделите опремени со нови дизел мотори, сепак нивниот удел и понатаму ќе се намалува.

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV