СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Во иднина BMW ќе има британски и австриски мотори

Под притисокот на електричната трансформација на својата гама, возилата на BMW во иднина ќе имаат мотори произведени во Австрија и Велика Британија.

Планот за наредниот период на BMW наведува дека од секој негов погон најдоцна до 2022 година ќе излегува барем едно електрично возило,.

Според него електричните верзии на сериите 5 и 7 ќе се произведуваат во Динголфинг, X1 во Регенсбург,  Mini Countryman во Лајпцих, а i4 во Минхен.

За таа цел во Динголфинг ќе бидат вработени уште 1.000 луѓе, дел од нив од главната фабрика во Минхен од погонот каде сега се произведуваат мотори.

На неговото место до 2026 година ќе биде изградена сосема нова монтажна лента наменета ексклузивно за електричните возила, за што ќе бидат потрошени 400 милиони евра.

Според планот производството на мотори ќе биде преселено, и тоа 4 и 6-цилиндричните во Австрија, а 8 и 12-цилиндричните во Велика Британија.

Преселбата ќе се одвива во фази, почнувајќи најдоцна од 2024 година.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV