СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Видео

(ВИДЕО) Lamborghini заплови по морските води

 

Во Lamborghini најдоа одличен повод за претставување на лусузна јахта од 3 милиони евра.

Ако се прашувам јас, попрвин би купил 10 патни супер спортисти отколку за истите пари една лусузна јахта Lamborghini 63.

За среќа на Lamborghini има и луѓе кои мислат поинаку, а можат тој мерак и да си го допуштат. Но, да се разбереме, само 63 среќници ќе можат да си ја дозволат јахтата со должина од 63 feet (19 m) која се вика Lamborghini 63, а е конструирана по повод годината на раѓање (1963) на спортскиот бренд, Lamborghini. Толку за бројката 63.

Останатите перформанси не можат да се донесат во корелација со оваа бројка. Погонската група ја сочинуваат два V12 мотори, а секој од нив испорачува по 2.000 КС.

Тие се доволни за покренување на 24-тонската јахта до максимална брзина од 60 knots односно 111 км/ч. Спомената тежина е рекордно ниска за својата класа поради употребата на јаглердони влакна за изградба на носечката структура.

Аероднимаката е на ниво на еден Lamborghini Sián FKP 37 од кого е преземена и внатрешнста архитектура.

Капетанот кој ја управува оваа лускузна јахта не мора да се привикнува на командите стекнати од својот патен примерок поради верното пресликување на истите и во спортистот на вода.

За секој случај тука е и командната табла во хексагонален облик која е карактеристична за патните верзии.

За стилот и квалитетот на останатите компоненти ќе биде излишен секој муабет, но затоа ако сте кандидат за еден ваш примерок побрзајте со соборање на потребниот износ затоа што јануари, месец за кога се договорени првите испораки, многу брзо ќе дојде!

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Видео