СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Брендот Peugeot го прослави 210-тиот роденден!

 

На 26-ти септември 1810 година, компанија под името PEUGEOT Frères Aînés е запишана во Централен регистар, што сè уште се наоѓа во архивите Тере-Бланш (Terre-Blanche), Дубс (Doubs). Тоа е официјалниот датум на основање на компанијата која денес во светот се идентификува според мобилноста.

Повеќе од два века, семејството Peugeot е присутно во модната револуција, на самите почетоци со воведување на челичната жица во кринолинските здолништа,

Во активностите кои ќе следат, се покренува вистинска револуција во  мобилноста – се произведуваат велосипеди и автомобили.

Фокусирани на истражување и развој, Peugeot секогаш се прилагодувал на временските промените кои со себе ги носело времето, исто како и на стиловите и потребите на клиентите. Тој принцип овозможувал постојано да се биде чекор понапред од ривалите.

Со текот на времето Peugeot се докажува како современ реалист кој е по мерка и на најпребирливите потрошувачи. Бренд кој во своето работење се потпира на два главни постулати: емоција и движење!

Денес, Peugeot се издвојува со својата неуморност во воведување на иновативни решенија и креирање на уникатен дизајн и 100% електрични верзии за секој модел во гамата. Притоа произведувајќи 100% еколошки возила, практични, економски безбедни, со значително повисоко ниво на задоволство на корисниците.

Peugeot е бренд изграден од страна на креативни луѓе, инженери, дизајнери, кои со векови ги „предизвикуваат“ нормите, со цел да креираат и осмислат нови стандарди на возење и управување.

Благодарение на оваа алијанса на слободоумни луѓе, Peugeot никогаш не престана да се надградува како Бренд и продолжи да прераснува во стабилен и моќен идентитет низ годините.

Повеќе од 2 века подоцна – Peugeot фамилијата се уште расте повеќе од било кога.

Тоа се 210 години поминати во „кршење на правилата“. 210 години следење на мудрите зборови на Armand: „Ако сме доволно паметни и силни, од Peugeot ќе создадеме еден од најголемите бизниси во индустријата на Франција“

Затоа денес овој Бренд слави цели 210 години на градење успешна приказна! За да ја прослави својата богата историја, тим од Peugeot Design Lab дизајнираше лого за одбележување на 210-годишнината од постоење.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот