СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Боб Луц: за дваесетина година никој нема да поседува личен автомобил

 

Автомобилскиот маг, кој децении наназад раководеше со најголемите автомобилски производители прогнозора дека за дваесетина години нема да има потреба од персонални возила.

Во моменот Боб Луц (Bob Lutz) партнерски соработува со Хенрик Фискер (Henrik Fisker) во заедничката компанија за производство на супер спортски автомобили, VLF. Двајцата сопственици често знаат да се сретнат со шефот на Tesla, Илон Маск (Elon Musk) и да поразговараат за иднината на автомобилите.

За помладите наши читатели да споменеме дека Боб Луц беше на најодговорните позиции во Ford, General Motors, Chrysler и BMW и дека за време на неговото директорување има, на годишно ниво, организирно производство на милиони автомобили.

Сега, токму тој господин трди дека времето на персоналните автомобили веќе истекува. Најдолго за дваесетина години никој веќе нема да поседува сопствен автомобил туку сите ќе се возат во модули на автономни електрични возила, тврди Луц.

Наназад  стотици години, коњот служеше како единствено превозно средство за да последните 120 години таа улога ја преземат автомобилите. Но, дефинитивно нивното време ќе истече многу побргу отколку што можеби се очекува – за 20-тина години сите ние за транспорт ќе користиме самовозечки електрични возила – завршува, Боб Луц.

 

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV