СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Тестови

Безбедност пред перформанси

Unite Gallery Error:

Gallery with alias: Hyundai_i30Test not found

 

Третата генерација на триесетката опремена со основниот 100 коњски мотор и ниво на опрема Comfort сега акциски се нуди за 14.500 евра. Некулкудневното дружење беше сосема доволно да се увериме во приоритетите на производителот.

Поскапувањата кои доаѓаат со секоја нова генерација на моделите стануваат општо прифатен принцип на однесување на производителите. Доволно е да се погледнат влезните цени за да ни биде јасно дека времето на евтини автомобили е неповратно заминато.

Оправдување за своето непопуларно однесување производителите го наоѓаат во физичкото зголемување на димензиите, потоа во високото ниво на основната опрема а и огромните средства вложени  во развој на чистите технологии треба некако да се наплатат.

Како добар пример за илустрација на констатацијата може да послужи токму нашиот тестен Hyundai i30.

Лани претставената трета генерација за добри дваесетина проценти ја надминува цената на својот претходник. И тоа важи за идентичен мотор од 1.4 литри кој нуди максимални 100 коњи. Логично е да се запрашаме зошто би платиле поскапо за автомобил кој беше квалитетно изработен а поефтин од неговиот наследник.

 

Приоритети

Ако ја погледнеме листата на основната опрема, констатацијата за поскапувањето добива логична димензија. Очигледно стратезите се на мислење дека безбедносните системи треба да имаат апсолутен приоритет над сите останати уреди и опрема.

Пристапот со давање примат на безбедноста во нашиот конкретен пример, значи вградување на: систем за автономно сопирање, систем за предупредување за напуштање на коловозна лента, систем за рано предупредување од преден удар, систем за предупредување на замор на возачот, автоматска работа на долгите светла, контрола на притисокот во пневматиците, …

Присуството на комплетниот сет на воздушни перници како и на системите за контролирано сопирање и движење на возилото веќе ни се познати од минатиот модел. Добро, да не испадне дека перформансите се целосно занемарени да напоменеме дека максимумот на брзината е поставен на солидните 183 км/ч со забрзување кое до првата стотка трае 12.6 секунди.

 

Возни искуства

Промотивните возења кои минатата пролет ги имавме во Босна и Херцеговина непогрешливо ни го најавија сега веќе потврденото искуство.

Hyundai i30 вози меко, тивко и мирно. Уште „на прва“ може да се почуствуваат темелните изолации на кабината. Седењето е нетипично за моделите од компактната класа кои доаѓаат од Далечниот Исток.

Не ни текнува модел од оваа класа во кој сме се почуствувале поудобно. На предните седишта сигурно може да се сместат по двајца патници со корејски димензии. Во организацијата на внатрешниот простор до израз доаѓа моментот кој говори дека триесетката е конструирана од европопјани и е наменета за европскиот пазар.

При брзото поминување низ последователни свиоци до израз доаѓа капацитетниот долен построј со McPherson на предната и мулти линк изведба на задната оска.

Оваа комбинација функционира перфектно, па и претерувањата нема да предизвикаат поголемо вознемирување на каросеријата. Згора на тоа, релаксирачко е чувството кога се знае дека цел куп безбедносни системи будно ја следат ситуацијата.

За да бидеме до крај доследни ќе мора да истакнеме дека сепак говориме за влезен мотор кој преферира посмирен начин на возење. И токму при таква употреба ќе може на најдобар начин да се почуствуваат благодетите на семејниот стил на новата триесетка. Возачите со понервозни десни нозе ќе треба да посегнат по некој од поснажните браќа, како на пример по турбо моторот со иста големина кој нуди 140 КС.

Ако треба да се извага што точно се добива за вложените пари, речиси и да нема место за приговори. На позитивното салдо одат моќниот изглед, робусноста, гаранциите, и секако, (пре)богатиот пакет на основната опрема. Во време во кое имаме општ раст на цените на возилата, 14.500 евра изгледа како сосема коректна сума за добиената портиввредност.

 

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ

мотор   …………………………  бензин, MPi, четири цилиндри, 16 вентили, 1.368 ccm, Euro 6

макс. силина  …………………  73.5 kW / 100 КС @ 6.000 (врт/мин)

макс. вртежен момент  ……..   134 Nm @ 4.000 (врт/мин)

димензии  ……………………..   4.340 x 1.795 x 1.455 (mm)

макс. брзина  …………………   183 км/ч

забрзување  0-100 km/h  ……  12.6 сек.

тежина на празно возило ……  1.290 kg

комбинирана потрош.  ………..  5.4 л/100 км  (CO2 – 126 g/km)

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Тестови