СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Што може да се купи за сума до 15 илјади евра?

 

До неодамна се прашувавме кои возила можеме да ги купиме до 10 илјадарки. Сега критериумот се померува на границата од 15К евра.

 

Kia Picanto

За жал речиси ништо. Поточно целата приказна се сведува само на две букви. Популарниот А-сегмент на возила е на исчезнување.

Говориме за популарните градски автомобилчиња со должина не поголема од 370 cm кои посебно беа омилени кај помладата популација.

Micra, 108, C1, KA, Up!, Mii, Citigo, Space Star, Adam, Ypsilon… или не се нудат кај нас или пак не се произведуваат повеќе.

Честа останаа да ја брaнат Fiat 500 и Panda, Kia Picanto, Hyundai i10, Toyota Aygo и Suzuki Ignis.

Во моментов Picanto се нуди само во две максимално опремени верзии кои чинат по 17.500 евра па тие автоматски се исклучуваат од ова друштво.

Hyundai i10 (Style пакет, 15.900), исто како и Ignis (16.690), поради повисоките стартни цени отпаѓаат од понатамошно разгледување.

Поради надмашување на буџетот, Fiat 500 (1.0 GSE чини 16.990) исто така останува вон конкуренција.

Ако сте одлучиле да не вложите преку 15К евра изборот се сведува на Fiat Panda PANDA која во основната верзија на моделот се нуди за точно 15 илјади.

Toyota Aygo X

Редовната цена на Toyota Aygo X (JOY пакет на опрема) од 15.490 евра, во акциска понуда паѓа на 14.690.

Според ценовниот критериум влегува во одредениот буџетен лимит, кој во оваа прилика, го одредивме на 15 илјади европски банкноти.

За таа количина на вложени средства се добиваат возила со трицилиндрични мотори од 1.0 литри.

Изедначување на опремата сигурно ќе ја олесни задачата при еветуална одлука за купување на еден од овие два модела.

Највеќе паѓа во очи што за одредениот ценовен лимит, изборот се сведува на само едно, односно две возила (Aygo е со акциска цена).

Драматичен е тоа раст на цените, а фактот што само до пред извесно време психолошката граница од 10 илјади не ја надминуваа цела низа модели, јасно укажува на евидентниот тренд на поскапување.

Дали треба посебно да се истакне фактот, што при вакви услови, се помалку купувачи можат да си го дозволат луксузот наречен, ново возило.

 

 

P.S. Информациите се земени од службените сајтови на нашите увозници. Моделите за кои цените не се јавно објавени (пр. Renault Twingo) не ги зимаме во разгледување.

 

 

 

 

 

Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг