СЛЕДЕТЕ НЀ

Во светот

Јунската продажба на патнички возила во Европа бележи пад од 24.1%

Во јуни 24,1% помалку, првите шест месеци 2020-тата минус од 39,5%

Според ACEA, во јуни годинава бројот на новорегистрирани патнички возила во Европа изнесува вкупно 1.131.843, за 24,1 отсто помалку во споредба со истиот месец лани, што е значително подобрување во однос на мај кога продажбата опадна за 56,8 отсто.

Намалување на волуменот забележија сите пазари со исклучок на Франција, каде бројот новорегистрирани патнички возила се зголеми за 1,2 отсто како резултат на државните субвенции за еколошките возила воведени на почетокот на јуни.

Најголемо опаѓање на продажбата е забележано во Португалија (-56,2%), Хрватска (-49,4%) и Литванија (-40,8%). Генерално лошо стојат и големите пазари – Шпанија (-36,7%), Велика Британија (-34,9%) и Германија (-32,3%), додека Италија (-23,1%) е за малку подобра од европскиот просек.

Во текот на првите шест месеци годинава побарувачката за нови патнички возила во Европа се намали за 39,5 отсто како резултат на четирите последователни корона-месеци.

Најголемиот минус го забележаа Хрватите (-54,4%), а најдобро поминаа Финците (-21,4%). Меѓу големите најмногу настрада пазарот во Шпанија (-50,9%), а следат Велика Британија (-48,5%), Италија (-46,1%), Франција (-38,6%) и Германија (-34,5%).

Асоцијацијата на европските автомобилски производители ACEA ги собира податоците за продажбата од вкупно 30 држави – земјите членки на Европската Унија (без Малта), Велика Британија, Исланд, Норвешка и Швајцарија.

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот