СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Ова е најатрактивната Škoda досега! (Видео)

Беше прашање на време кога Škoda ќе го искористи името Slavia за некој свој модел.

Сега и тоа се случи – ознаката која асоцира на паннационалната припадност на чешкиот народ се најде на најатрактивната креација на марката досега.

За жал, таа ќе остане само тоа што е – демонстрација на способностите на практикантите од студентската програма на Škoda.

А тие годинава навистина покажаа голема умешност – овој спајдер магнетно привлекува со својот изглед.

Инспирацијата е пронајдена во спортскиот двосед 1100 OHC од 1957 година, а механичката основа во модерната Scala.

Затоа и Slavia однапред е скоро идентична со неа, но сé зад првиот столб е сосема поинакво.

Во духот на идејниот претходник има две седишта и еден пар врати, а посебно интересно е решен задниот дел.

Внатрешноста е разиграна со виртуелен кокпит, Sparco седишта, кожни пресвлеки и амбиентално осветлување, а во согласност со младешкиот настап е и аудио-системот со сабвуфер од дури 2.250 W.

Студентите на Škoda за погон на Slavia се решија за 1,5 литарски TSi со 150 KS, во комбинација со седумстепен DSG менувач. 20-инчните тркала се позајмени од Kodiaq, а сопирачките зад нив од Octavia vRS.

Мало изненадување е електричниот тротинет во багажникот, а под праговите е сокриено LED лајт-шоу во боите на чешкото знаме.

Во изработката на овој уникатен автомобил учествуваа 31 студент од академијата на Škoda.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот