Rimac C_Two: Електричен хипер спортист од Хрватска
02/04/2018

Rimac C_Two: Електричен хипер спортист од Хрватска

 

На женевскиот авто салон, Rimac (Римац) на јавноста и го прикажа концептниот Rimac C_Two кој на пазарот би требало да се појави 2020 година.

Хрватскиот производител сериозно ги напаѓа етаблираните марки. Се разбира мислиме на автомобилите со погон само на електрична енергија. На тоа поле Мате Римац и неговиот тим има што кажат. Всушност најдоброто од нив допрва следува.

Rimac C_Two за сериско производство ќе биде подготвен за две години, а во меѓувреме вкупната продукција од 150 единици е распродадена. Прашањето, со што тоа се маѓепсани лубителите на хипер спортски автомобили кои се движат на струја, има едноставен одговор – перформасните.

Обрзаложувањето на применетите решенија наликува на час по најсовремена автомобилска технологија. Двоседот со димензии (4.750 x 1.986 x 1.208) mm го движат четири електромотори сместени на оските пред тркалата. Вкупната силина од неверојатни 1.914 КС е придружена со адекватен вртежен момент (!) од 2.300 Nm кои обезбедуваат неверојатни перформанси.

Забрзувањето, не до 100, не до 200 туку до 300 км/ч трае 11.8 секунди! И се така до максималните 412 км/ч. Само за споредба, првата стотка се фаќа за 1.97 секунди. Ако некој помисли на болид на Формула 1, ќе да е во право.

Гледано од чисто електричен аспект, Rimac C_Two користи Литиум-Манган-Никел батерии со капацитет од 120 kWh. Тие се инкорпорирани во монокок шасијата изработена од карбонски влакна и алуминиум и се ладат со течност којa циркулира помеѓу ќелиите.

Автономијата од 650 км (според NEDC стандардите) јасно покажува дека електричниот хипер спортист веќе ги остава своите малубројни бензиски конкуренти зад себе.

Илустративно кажано, со едно полнење на батериите Rimac може под полна гас да помине два круга на Нирбургринг.

До 80% од капацитетот батериите се полнат за половина час што укажува на фактот дека возилото може да се користи и при обични патни услови.

Во Rimac C_Two воопшто не се вградуваат класичните ABS, ESP и останати системи за контрола на тракција поради тоа што оригиналниот систем R-AWTV (Rimac All-Wheel Torque Vectoring) ги обединува сите системи во едно обезбедувајќи максимална динамичка стабилност.

За обликот и квалитетот на внатрешната изработка нема многу да коментираме освен дека тие совршено се вклопуваат во сликата за еден хипер спортист од врвен калибар. Дали ве чуди сега зошто тоа целокупната предвидена продукција е распродадена две полни години пред почетокот на сериската продукција.

 

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
AutoInfo на Facebook
Ви се допаѓа AutoInfo?