Ferrari SF90 Stradale: Најсилниот патнички Ferrari има 1.000 КС (видео)
30/05/2019

Ferrari SF90 Stradale: Најсилниот патнички Ferrari има 1.000 КС (видео)

 

Наследникот на LaFerrari е хибрид со системска силина од илјада коњи и неверојатни перформанси.

Ferrari SF90 Stradale беше долго најавуван како најсилниот патен болид на Ferrari во историјата. Долгото чекање воопшто не беше пречка за воодушевувачки пречек.

Конечно, со ознаката SF90 Stradale доаѓа хибриден хипер спортист со системска силина од округло 1.000 КС.

Спрегата на релативно мал 4.0 V8 турбо мотор од 780 КС и 800 Nm и три електромотори кои ги генерираат останатите 220 КС, резултира со неверојатни перформанси.

Првата стотка се фаќа за 2.5, а до втората се трошат 6.7 секунди. забрзувањето трае до 340 км/ч.

Самите бројки говорат дека електриката тука силно има замешано прсти.

Вградувањето на три електромотори (два напред и еден позади) освен што на најновиот Ferrari му овозможуваат погон на двете оски, го олеснуваат преносот на бројната ергела коњски сили на асфалтот.

Осум степенскиот менувач со две спојки во оваа средина е очекуван исто како и во задниот дел на болидот на Ferrari во Ф1.

За да се стекне вистински впечаток за болидот, во идентичен стил е обликувана и внатрешноста.

А кога веќе сме кај неизбежните електрични компоненти да кажеме дека во plug-in хибридот е вграден сет од батерии со капацитет од 7.9 kWh кој овозможува автономно движење до 25 км, со максимална бризна од 135 км/ч.

Иако говориме за хибридно возило (со сет батерии, три електромотори, и еден куп контролни уреди) сепак SF90 Stradale вкупно тежи 1.570 кг што е за 13 кг помалку од LaFerrari.

И при таква архитектура инженерите од Маранело успеале да ја зголемат крутоста за цели 40%.

На крајот за цената! Па кој нормален, кај ваков технолошки бисер, уште прашува за цена?

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
AutoInfo на Facebook
Ви се допаѓа AutoInfo?