СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Wuling Victory: Од Кина за цел свет

Додека Кинезите сé уште го бараат вистинскиот пат кон западните пазари, глобалните производители на возила се подготвуваат своите кинески модели да ги пласираат глобално.

Беше прашање на време кој прв ќе повлече нога и ќе стане првиот голем авто-производител кој ќе ги лансира своите кинески марки низ цел свет.

Иако засега уште не е потврдено, тоа најверојатно ќе го стори General Motors, кој од 2022 година ќе започне со дистрибуција на моделите на Wuling во Европа.

Познато е и со кој – моноволуменецот Victory уште при неговото конструирање е предвиден за глобален настап.

Планиран за продажба на домашниот пазар при крајот на годинава, овој модел наменет за шестмина патници има современ дизајн добиен со мешање на кросовер и моноволуменските линии.

Долг е 4,9 метри и има меѓуоскино растојание од 2,8 метри кое овозможува да понуди пространа внатрешност. За погон е предвиден 1,5 литарски турбо мотор со 150 KS.

Колкава ќе биде цената сé уште не се знае, ниту пак дали тој ќе биде само пробен балон или пак предводник на новите глобални амбиции на GM. Неофицијално, во план сé уште неколку модели.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот