СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Rolls-Royce Phantom V со пресадено „срце“ од 500.000 фунти (Видео)

Британскиот старт-ап Lunaz Design реши да ги модернизира класичните модели со помош на електриката.

Пасионираните колекционери се лутат, но и меѓу нив постојат такви кои ја согледуваат вистинската намера на Lunaz – со пресадено „срце“ да им се продолжи животот.

Така после лани претставените први примероци на Aston Martin, Ferrari, Jaguar, McLaren и Volkswagen, оваа компанија зад која стои поранешниот технички директор на формула 1 тимот на Renault Јон Хилтон-Луназ, го конвертираше првиот Rolls-Royce.

Се работи за Phantom V од 1961 година, кој најпрво целосно е расклопен и направено е 3-Д скенирање, а потоа е извршена детална реставрација и место класичниот вграден му е електричен мотор.

Автомобил доби голем пакет батерии од 120 kWh кои се доволни со едно полнење да помине 480 km.

За погонските технологии од Lunaz молчат, но не и за останатите модерни додатоци – системот за навигација, WiFi поврзувањето мобилен телефон со енкрипција, посебните инфо-забавни системи за напред и назад, повеќезонската климатизација, но и подобрените сопирачки, систем за управување и ослонувањето.

Каросеријата е лакирана во две бои, внатрешноста во која има место за осум патници преслечена со кожа и дрво, а во приватниот дел во задниот дел на возилото се наоѓаат два екрана и мини-бар.

Цената е соодветна – 500.000 фунти без давачки, а ќе бидат конвертирани 30 примероци. Следен модел на кој Lunaz ќе му пресади модерно срце ќе биде Rolls-Royce Silver Cloud, кој со батерија од 80 kWh ќе чини 350.000 фунти.

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот