СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Интересно

Wärtsilä RT-flex96C: Најмоќниот мотор со внатрешно согорување

 

Двотактниот линиски дизел мотор произведен во Финска ослободува 108.909 КС (80.080 kW) – во светот му нема рамен.

Споменувањето на Wärtsilä (Вертсила) веруваме никому посебно не му значи. Поготово ознаката RT-flex96C со која е именуван големиот дизелски мотор. Кога велиме голем, мислиме на навистина голем мотор, односно на најголемиот што е направен до сега.

Должината од 26,6 и височината од 13,5 метри ставаат до знаење дека ваква „зграда“ до сега никој нема направено.

Цилиндрите имаат пречник од 1 метар и óд од 2,5 метри, а вкупно ги има многу такви. Распоредени во линија вкупниот број им изнесува 14, што кога ќе се собере даваат работен волумен од 25.500 литри.

Од бројкиве боли глава, но почекајте да ги слушнете перформансите на двотактниот турбо дизел. Макимална силина од 109.908 КС и вртежен момент од неверојатни 7.603.850 Nm (да потврдиме: безмалку 110 илјади коњи; 7,6 милиони њутн-метри).

Сега се поставува прашањето: а кому му се потребни? Одоговорот е едноставен, за придвижување на големи товарни бродови. Еден ваков мотор е веќе вграден во данскиот носач на контејнери Emma Maersk, кој е долг 397 метри и може да понесе товар од 170 илјади тона.

Токму моторот е заслужен за максимална брзина на бродот од 47 км/ч (25,5 наутички милји) која ја постигнува при максималниот вртежен момент поставен на екстремно ниските 102 вртежи во минута.

Логично е силниве бројки да се поврзат и со потрошувачката на нафта. При полно оптеретување тоа изнесува 6,3 тона на час што на прв поглед наведува на неефикасност на моторот.

Но вистината е спортивна, со околу 50% ефикасност, големиот мотор е рекордер по ниска потрошувачка. Колку за споредба современите автомобилски дизели никако не можат да ја поминат границата од 40% искористеност на топлинската енергија.

И за крај, Wärtsilä во понуда има и помали мотори, еве на пример шестцилиндерскиот RT-flex96C, ама што ќе ни го, такви ги има многу!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Интересно