СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

VW ќе потроши 70 милијарди евра на електрични и автономни возила

За да посвети поголемо внимание на електричните автомобили и напредниот софтвер, во својот нов 5-годишен план за инвестиции VW ги зголемува трошоците за развој на овие технологии.

Во групата сметаат дека одвојувањето на 40 отсто од буџетот за инвестиции не е доволно за да се одговори на можните предизвици на иднината.

Затоа надзорниот одбор на компанијата одобри половина од сите трошоци да се одвојат за електричните автомобили и автономните технологии.

Тоа значи дека место досега планираните 60, инженерите на Volkswagen до 2025 година ќе имаат 73 милијарди долари за развој и унапредување на своите идеи.

Новиот инвестиционен план се заснова на очекуваниот глобален пораст на економијата и зголемувањето на продажбата на електричните возила, посебно на домашниот пазар.

Во него се предвидува до 2030 година VW во Европа, Кина и САД да произведе околу 26 милиони целосно електрични автомобили.

Од нив 19 милиони ќе се засноваат на модуларната електрична платформа MEB, а преостанатите 7 милиони ќе ја користат перформансната PPE платформа.

Типични нивни претставници се VW ID.3 и нареднhата генерација на Porsche Taycan.

Од Volkswagen соопштија и дека проценуваат во исто време да направат и околу седум милиони хибридни возила, а ќе се инвестира и во производство батериски ќелии во Германија.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV