СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

VW повторно на маки заради издувните гасови…

Овојпат заради бензинските мотори на Porsche.

Германскиот федерален орган за патен сообраќај KBA покрена истрага против Porsche заради сомнежите за манипулации со издувните гасови на бензинските мотори.

Под лупа ќе бидат возила произведени пред 2017 година, за чии мотори интерната истрага на производителот укажа на можни неправилности.

Според достапните информации, се работи за 911 и Panamera кои се развивани во периодот меѓу 2008 и 2013 година.

За нив постои сомнеж дека имаат модификации на хардверот и софтверот кои можат да влијаат на одредени состојки во издувните гасови.

Освен KBA, за резултатите од својата истрага Porsche ги информираше и обвинителството во Штутгарт и американските власти.

За потсетување, Porsche минатата година доби казна од 535 милиони евра заради зафати на дизел моторите со кои се овозможува лажирање на резултатите на тестовите за емисиите на штетни материи.

Иако можеби не се директно засегнати, и останатите марки од групата VW можат да се најдат под истрага за ова. Засега се огласија само од Audi со соопштение дека немаат индиции дека слична пракса е употребена и во нивните автомобили.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV