СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Volvo Concept Recharge: Природни материјали наместо шведски челик

 

Со концептот Recharge, Volvo го прикажува дизајнерскиот правец по кој ќе се движи брендот до патот на потполната електрификација.

До 2030 година Volvo планира целосна електрификација на својата понуда.

Швеѓаните веруваат дека до тогаш ќе можат да ја намалат емисијата на CO2 за 80% во однос на Volvo XC60 од 2018 година, и тоа во текот на целиот циклус на експлоатација.

Токму тоа е идејата со прикажување на концептот Recharge. притоа да се задржат сите подобности кои ги пружаат денешните SUV возила.

Во центарот на сите подобрување е ставена аеродинамиката која би требало значајно да ја подобри ефикасноста во однос на актуелните модели.

Ако внимателно се погледне обликот јасно е дека до најситниот детал е водено сметка отпорот кој ги пружа воздухот при движење да биде сведен на миниално можно ниво.

 

За таа цел споевите се изведени со голема прецизност, кровот максимално спуштен, а задниот дел остро засечен.

Употребените пневматици ги испорачува Pirelli, а новитет е што при нивното производство воопшто нема да се користат фосилни горива, односно за 94% ќе се намали емисијата на штетни гасови.

Кај електричните возила автономијата на движење е од исклучителна важност. Лаички гледано таа може да се зголеми со вградување поголем сет батерии, но при тоа решение зголемената тежина го анаулира саканиот ефект.

 

Токму поради тоа акцентот е ставен на драстично намалување на тежина, а тоа се прави со употреба на лесни природни материјали.

Ефектот на употребата на овие материјали се огледа и преку можноста за нивно рециклирање, а непомалку важен е и процесот на нивното производство како и при фазата на употреба на автомобилот.

Со сите технички решенија Volvo планира до 2040 година да биде автомобилски производител кој ќе биде целосно неутрален во однос на емисијата на јаглен диоксид.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV