СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Kia најави уште еден електричен SUV [фото галерија]

 

Идната недела, во предвечерието на салонот на автомобилите во Лос Анџелес, корејската марката ќе го претстави својот втор електричен модел од новата генерација.

По тој повод Kia сподели со нас неколку слики од студијата која ќе биде претставена под називот Concept EV9.

Со овој потполно електричен SUV, компанијата ја отелотворува својата посветеност да стане давател на решенија за одржлива мобилност.

Храбрата надворешност е истакната со пионерскиот дизајнерски јазик на прогресивниот изглед на новите електрични возила на Kia.

Сликите на ентериерот покажуваат збир од најсовремени технологии и прилагодлив и мудро решен простор за патувања, налик на дневна соба.

Деталите за електричниот погон, иако лесно може да погодиме каков ќе биде, засега изостануваат.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV