СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Volvo до 2030 година ќе стане целосно електрична марка

„Би бил изненаден ако од 2030 година не испорачуваме само електрични возила”, изјави директорот на Volvo Хакан Самуелсон.

Во оваа негова политички срочена изјава се крие една голема вистина – кој нема да се трансформира, нема да опстане.

Затоа и тој го дополни кажаното уште со: „Патот напред ќе биде да имаме јасни погледи за тоа кога треба да ги напуштиме моторите со внатрешно согорување”.

Тој процес Volvo веќе го има започнато – пред три години престана со развој на нови дизел мотори, а првиот електричен модел XC40 Recharge веќе го освојува пазарот.

Според претходно поставената стратегија Швеѓаните секоја година ќе претставуваат по еден нов чисто електричен модел.

Кој ќе биде нареден не се знае, а за 2022-рата Хакан Самуелсон од порано го има најавено предводникот на гамата XC90.

Во целите на Volvo уште е зацртано до 2025 година половина од глобалната продажба да бидат целосно електричните модели.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV