СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Volkswagen Touareg: На пола чекор до премиум

Unite Gallery Error:

Gallery with alias: VVTouareg not found

 

Третата генерација на големиот SUV, Volkswagen го претстави поминувајќи  17 илјади километри од Германија до Кина.

Новиот Touareg го презема фолксвагеновиот бајрак во свои раце. Не само според големината, туку пред сé по имплементирањето на нови технологии во сериските автомобили.

Поставен на MLB Evo платформа која успешно ги носи најистакнатите модели од семејните брендови: Audi Q7, Porsche Cayenne и Lamborghini Urus, третата генерација на Touareg според луксузот успева да им се приближи а со вградувањето на некои технолошки решенија и да ги надмине.

Зголемените должина (4.878 mm) и широчина (1.984 mm) се во функција на раскошноста на просторот додека намалувањето на височината за 7 mm во однос на претходникот (сега, 1.702 mm) е во функција на подинамичната фигура.

Покрај зголемување на габаритите, употребата на алуминиум и посебните хајтек челици придонесуваат во намалување на вкупната за 106 килограми.

Промените во надворешноста се забележуваат и во употребата на големите алуминиумски тркала кои во основниот модел се со големина од 18 инчи додека според желбите на купувачот се нудат до големина од 21 инч.

Кога се отвара темата за дизајнот на новите модели, Volkswagen останува доследен на себе.

Тие се стари приврзаници на еволуцијата на обликот – драматични промени треба да се бараат на друго место. Во однос на претходникот можеби предниот дел кој е налик на Arteon срамежливо го најавува присуството на вградената технологија.

Затоа внатрешноста ќе предизвика воодушевување кај лубителите на свежите решенија. Инструмент таблата се состои од 12-инчен екран чиј графички приказ може да се модификува според сопствените желби.

На централната конзола доминира голем, 15-инчен LCD кој функционира на допир. Ова е прв сериски автомобил во кој Volkswagen сериски вградува екран со ваква големина.

Во корисните технологии на кои возачите посебно се радуваат спаѓаат и амбиентално осветлување како и аудио системот од 730 W, произведени од 14 звучници.

Што се однесува до моторите, на европскиот пазар ќе се нуди пар од два 3.0 литарски V6 дизел мотори со 231 односно 286 КС.

Во подоцнежна фаза се очекува најсилниот 4.0 литарски V8 со 421 КС. Единсвтениот предвиден бензинец доаѓа во V6 конфигурација и развива 340 КС. Освен овие пропулзии, за кинескиот пазар е предвиден и плагин хибрид со заедничка силина од 367 КС, кој можеби потоа ќе биде понуден и во Европа.

Volkswagen Touareg нема да биде понуден на американскиот пазар. Тешката задача во продолжување на успехот на двата претходника – продадени во преку милион примероци – судејќи според првичните впечатоци, е на добар пат да биде остварена.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот