СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Volkswagen Tiguan R поскапе во Франција за дури 30.000 евра!

 

Лани пред крајот на годината, Французите го донесоа буџетот за оваа 2021-ва во кој малкумина ја препознаа стапицата за возилата со големи емисии на јагленород диоксид.

Имено, деталната анализа на ставките упатуваше на тоа дека се планира големо зголемување на еколошките такси што ќе ги плаќаат купувачите на возилата што многу трошат.

Основа за оданочување како и претходно се емисиите на јаглерод-диоксид, при што минималниот праг над кој ќе се наплатува еколошкиот данок се намалува, а неговата висина се зголемува.

Тоа беше и помина и сега автомобилите што испуштаат повеќе од 225 грама јаглерод диоксид на километар се оданочуваат со максимална стапка од 40.000 евра, која наредната 2022-ра ќе се зголеми на 50.000, или максимум 50 отсто од вредноста на возилото.

Прва жртва која потпадна под новите правила е Volkswagen Tiguan R, чија цена во Франција драстично порасна – од 54.900 на 84.900 евра, односно за цели 30.000 евра.

Овој перформансен SUV ова го „заслужи“ со својот дволитарски турбо мотор со 320 KS, со кој забрзува до 100 километри на час за 4,9 секунди и за малку ја надминува границата од 225 g/km CO₂.

Заради тоа и купувачите на Golf R кој го има истиот мотор како Tiguan R но кој заради помалата тежина емитува помалку јагленород диоксид, ќе плаќаат значително пониска еколошка такса од „само“ 4.818 евра. Со тоа неговата цена во Франција е поставена на нешто над 56.000 евра.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот