СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Фирерот уште живее на Алјаска

 

Ова е за рубриката верувале или не.

Една вест какви обично игнорираме ни го привлече вниманието. Во неа се вели дека властите на Алјаска, по поднесена жалба на граѓанин, ја прогласиле за несоодветна персонализираната регистарска табличка 3REICH и ја повлекле од употреба.

Нивното објаснување зошто воопшто била издадена (во октомври минатата година) е дека наведениот термин го немало на листата од вкупно 11.000 со вулгарно, насилно, криминално и понижувачко значење. Тоа што нацистичката референца е повеќе од очигледна, електронскиот систем за контрола не го препознал.

До тука можеме и да кажеме: „Ај пушти ги , Американци се“, ама се дозна дека сопственикот на возилото поднел барање за издавање на оваа регистарска табличката откако властите му ја забраниле претходната со содржина FUHRER, исто така по поднесена жалба на граѓанин. А таа пак била издадена пред повеќе од една деценија – во 2009-тата.

Сакате верувајте, сакате не.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот