СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Volkswagen ID. Buzz – нов адут од Волфсбург

 

На презентацијата на ID.5, Volkswagen го покажа и електричниот транспортер ID. Buzz.

После серијата патнички автомобили, Volkswagen ќе го зголеми своето електрично семејство и со повеќенаменскиот транспортер ID. Buzz.

Како концепт тој беше претставен на салонот за комерцијални возила IAA во Хановер во 2018 година, а неговата сериска верзија ќе ја видиме веќе овој декември.

Настанат е како своевиден електрифициран римејк на легендарниот комби на Volkswagen од педесеттите, кој се произведуваше сé до 1975 година.

Долг е точно пет метри и има капацитет за превоз на осум патници, а во доставната верзија располага со 4,1 кубен метар простор за товар.

Планирани се две верзии, со еден или два електромотора кои ќе ги задвижуваат задните или сите четири тркала и ќе ја црпат струјата од батерии со капацитет од 111 kWh.

Очекуваната автономија е 550 километри, а на пазарот се очекува на почетокот на 2022 година.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV