Народен автомобил достапен за широките маси, тоа е принципот според кои е настанат Volkswagen. Во современиве услови тоа значи дека тој треба да вози на струја, да е практичен, лесен за одржување, и по можност да има заден погон. Дали е тоа описот на идниот Golf, поточно на ID.3?
Поглед упатен кон историскиот ретровизор јасно открива: појавувањето на Beetle и Golf се моменти на пресвртница во постоењето на „нардониот автомобил“.
Одлични се изгледите кон тоа одбрано друштво да се придружи моделот со комплетна нова концепција, ID.3. Да, токму толкав е технолошкиот исчекор кој го прави електричниот ID.3 во однос на Golf Mk8.
Новиот „народен автомобил“ ќе вози само на електрична енергија која ќе ја испорачува сетот батерии. Ледот го пробива ID.3 1st Edition кој има батерија со капацитет од 58 kWh доволно да помине растојание до 420 километри.
Мала споредба со актуелните модели на пазарот (Opel Corsa, 50 kWh, 330 км) ни ја открива вистинската димензија на ефикасното користење на енергијата, минимизираните отпори и врвната аеродинамика (Cw=0.267).
Во подоцнежните фази ќе бидат понудени уште една поскромна (45 kWh) и една покапацитетна (77 kWh) верзија. Тие со едно полнење на батериите ќе бидат способни да поминат 330 односно 550 километри.
Поради големата зависност на цената од капацитетот на вградените батерии, и цените соодветно ќе варираат.
Во поглед на можностите за полнење на батериите нема некои посебни изненадувања. Тоа се принципите кој великиот Никола (Тесла) ги поставил уште во минатиот век.
Ако се користи брз 100-киловатен полнач доволни се половина час полнење за да батериите дофрлат до рстојание од 290 километри. Останатие варијации на тема, полнење, зависат од типот и моќноста на изворот на електрична енергија.
MEB платформа
Volkswagen ID.3 е поставен на целосно нова платформа во чиј развој е вложено цело богатство.
MEB (Modularer E-Antribs Baukasten) платформата тука дебитира но секако во иднина ќе ја среќаваме во цела серија на различни каросериски изведби.
Сетете се само на актуелната MQB платформата која ја среќаваме надолж и попреку низ целата Volkswagen групација.
Поради потребата за вградување на батериите – кои се сместени во подницата – меѓуоскиното растојание е растеганто на 2.765 mm.
На речиси идентична должина со Golf 8, тоа значи помали превеси, односно поголем кабински простор.
Склопот, мотор-менувач-енергетски менаџмент, е сместен во едно куќиште, во склоп на задната оска, и е задолжен за движење на задните тркала. Под предниот поклопец се сместени помошните агрегати (клима уред, помошни електромотори, …) така да тој е рационално искористен.
Бенефитот од, помалку или повеќе, видената концепција, најдобро се чувствува во кабинскиот простор. Конструкторите ветуваат раскош од поголемите класи, со тоа што и багажникот со стандардните 385 литри се чини и повеќе од пристоен.
Електромотор од 150 kW (204 КС)
Синхрониот електромотор со перманентен магнет, по својата природа, работи на наизменична струја и во случајов испорачува 150 kW.
Напојувањето на моторот се одвива преку конвертор кој едносмерната струја од батериите ја претвара во наизменична струја.
Звучи прилично едноставно, тоа во минатиот век го има измеслено Никола Тесла, но токму во избор на електромоторот и менаџирањето со електричната енергија се прави разликата помеѓу производителите.
Оваа киловатна ергела е способна за високи перформанси, но поради заштедата на секој „грам“ енергија, максималната брзина е ограничена на 160 км/ч.
Вртежниот момент од 310 Nm, достапен уште од првите вртежи, ветува силовити забрзувања, но тоа е само логична претпоставка поради тоа што забрзувањето на ID.3 1st Edition не е соопштено.
„Народна цена“
Volkswagen ID.3 1st Edition на Германскиот пазар ќе се нуди по цена од округло 30 илјади евра. Во неа се вклучени и субвенциите кои Германската влада ги дава при купување на електрични возила, така да цената на останатите пазари ќе се формира според локалните услови.
Бидејќи ID.3 1st Edition се нуди во три фиксни пакети на опрема (Basic, Plus и Max) комуницираната цена се однесува на првото ниво. Кога сме веќе кај цените да кажеме дека за купувачите на ID.3 1st Edition е обезбедено година дена бесплатно полнење (или до 2.000 kWh) што признаваме дека звучи, онака, баш великодушно.
Три пакети на опрема
Како што и доликува на автомобил кој треба да ја одбележи иднината, опремата е раскошно димензионирана.
Посебно дизајнираните алуминиумски бандажи можат да бидат 18, 19 или 20 инчни, светлата се LED Matrix, а конективните можности максимални.
Уште во почетното ниво се нуди комплетен безбедносен пакет, за да во највисокото ниво се присутни елементи од самостојно управување.
Присуството на сет од камери и радари е очекувано исто колку и интуитивното управување со сите команди.
До 2023 година Volkswagen во развојот на електричната мобилност планира да потроши 9 милијарди долари, што би требало да биде доволна сума за производство на 10 милиони возила во наредните 10 години.
Амбициозен план кој со сигурност го покажува правецот на развој на индивидуалната мобилност наменета за широките нардони маси.
Интересно
-
Актуелен Миг
/ пред 4 неделиДомашна премиера на BMW X3
Четвртата генерација на BMW X3 доаѓа со целосно нов изглед, со бензиски, дизел...
Од Autoinfo.mk -
Колумни
/ пред 2 месециЕвропа ја губи трката
Кризата во автомобилската индустрија се посилно ја притиска европската економија. Состојбите воопшто не...
Од Autoinfo.mk -
EV
/ пред 2 месециZeekr Mix: врвниот семеен ван, во Кина ќе чини неполни 36.000 евра
Брендот Zeekr на Geely има полни раце работа со проширување на својата гама....
Од Autoinfo.mk