СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Volkswagen ќе произведува респираторни апарати и медицински помагала

 

Автомобилската индустрија моментално е парализирана, но тоа не е пречка да започнат со производство на респиратоти и други медицински помагала. Примерот на Volkswagen е за поздравување!

Од средина на минатата недела Volkswagen го сопре производството на автомобили. Причината е позната – Covid-19!

Соочени со зголемена потреба од респираторни апарати како и на останати медицински помагала, менаџментот на групацијата реши да ги употреби сите 125 индустриски 3D-принтери и да започне со производство на дефицитарните уреди.

Од „фолксваген“ порачуваат дека за да почнат со производство само им се потребни скиците на апаратите и веднаш 3D-принтерите да бидат ставени во функција.

Претходно, од Ferrari изјавија дека веќе започнале со производство на респиратори кои се и тоа како потребни во борбата против пандемискиот вирус!

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV