СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Дали болидите од F1 ќе го заменат Halo системот со Aeroscreen?

 

IndyCar серијата го одложи почетокот на годинешната сезона за крајот на април, а големиот интерес за трките се должи и на воведувањето на Aeroscreen заштитата која е еден вид надополнување на Halo системот од Формула 1.

Тестовите се веќе завршени а резултатите од употребата на Aeroscreen заштитата и повеќе од задоволителни. Трките од IndyCar серијата се одложени за крајот на април, така да поради пандемијата со коронавирусот промоцијата на Aeroscreen системот ќе претрпи временско одлагање.

Инаку станува збор за еден вид надоградба на Halo заштитата која веќе е одомаќена во болидите на F1.

Суштинската разлика се состои во тоа што „конструкцијата“ над главите на пилотите сега добива и еден вид ветробран. Првичните тестирања извршени на патеката во Остин од страна на екипата на Dallara дадоа одлични резултати.

Реакциите на пилотите одеа во правец дека треба да се подобрат некои детали во врска со рефлексијата, но во принцип се работи за заштита која е примена со големо одобрување.

Новитетот е развиен од експертите на Red Bull Advanced Technologies (истата екипа која се грижи за развој на болидите на Red Bull во F1), а произведена од австриската компанија Pankl.

Станува збор за конструкција која тежи 12.8 килограми, составена од пет дела од титаниум и еден провиден панел од поликарбонат со дебелина од 9.6 mm.

Aeroscreen може да издржи притисок од 17 тона, што e за цели 5 тона повеќе од конструкцијата која сега се употребува во болидите на F1.

За монтирање, односно демонтирање на оваа заштита на механичарите им се потребни околу 15 минути, време кое укажува на фактот дека за време на трка таа операција не може да се изведе. А и логично е прашањето кому тоа ќе му биде потребно.

Дека додатната заштита на пилотите е добредојдена тврди и инженерот Тино Бели кој е задолжен за аеродинамика во IndyCar серијата.

Тој објаснува дека за разлика од болидите во F1 овде струењето на воздухот воглавно е усмерено кон подницата на болидите а не на крилата како што е случај во F1. Се поставува дилемата дали во иднина Aeroscreen може да биде применет и во најбрзиот циркус на светот!

За да бидеме докрај искрени, нема причина да не веруваме во позитивните искуства од тестовите, но ако досега влегувањето и излегувањето од болидите бараше поприлична акробатика од пилотите, сега тие ќе мора да посетуваат интензивни курсево по јога.

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV