Новата француска дизајнерска куќа, Vision Automobiles Paris објави рендери на моделот Vision 1789 со што јасно даде на знаење дека најпрвин работи на натпреварувачки модел кој потоа ќе дибие и своја патна верзија.
Француската револуција изведена 1789 година означи почеток на темелни промени во општествениот живот не само на Франција, туку и во светски размери.
Токму тоа е идејата на младата екипа од Vision Automobiles Paris формирана од двајца пријатели кои се натпреварувале во култните трки на издржливост од серијата, Le Mans.
Нивниот првенец наречен Vision 1789 би требало силно да асоцира токму на револуција, се разбира, не социјална туку автомобилска.
Кога подетално ќе се погледне во објавените рендери, може да се пронајдат многу елементи кои го оправдуваат именувањето на моделот.
Примарно замислен како тркачки болид, предвиденоо е тој да има и патна верзија. Со давањето примат на трките, јасно се дава до знаење која е идејата на конструкторите. Иако во фабричките промотивни материјали се говори за карактер кој би требало да ги спои спортот и господското возење.
Моторната силина би требало да ја испорачува класичен бензинец кој би трошел биометан со што би се запазил и моментот со контролирана емисија на штетните гасови. Идејата е да се премости јазот помеѓу сегашните мотори на фосилни горива и целосната електрификација која не очекува во иднина.
Мора да се признае дека Vision 1789 навистина изгледа импресивно, и тоа без разлика од кој агол се гледа. Посебно во внатрешноста каде што за прв пат може визуелно да се гледа работата на предните амортизери. Чисто тркачкото опкружување е повеќе од очигледно, така да останува нејасно како во овој амбиент ќе се снајдат господата.
Во секој случај станува збор за рачно изработена ексклузива која ќе биде достапна само за мал број залубеници во хипер спортските креации. Ако јас се прашувам, баш фенси изгледа и Парижаните од Vision Automobiles треба до го постават на „црта“.