СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Две најави од Mitsubishi (видео)

Заедно со редизајнот на Eclipse Cross PHEV, стигнуваат вести за измена на одлуката на Mitsubishi за повлекување од европскиот пазар.

Прво за редизајнираниот кросовер, кој можеби е причината за втората вест. Eclipse Cross беше претставен пред три ипол години и време му е за освежување.

Вообичаено скржави за деталите, Јапонците ни ја испорачаа само оваа фотографија придружена со видео на замаскиран прототип и пар зборови дека редизајнот на Eclipse Cross ќе биде инспириран од концептот e-Evolution (на сликата десно).

Тоа значи дека можеби ќе се ослободи од двојното задно стакло и дека ќе биде поконзервативно, но сепак динамично обликуван.

Главните измени ќе бидат во просторот за мотор каде се очекува плаг-ин хибриден погон, за кој исто така нема детали.

Појавувањето на редизајнираниот Eclipse Cross беше повод големите европски дилери на Mitsubishi да  извршат притисок врз раководството на производителот ако не да ја укине тогаш барем да ја одложи одлуката за повлекување од европскиот пазар.

Според нивните зборови постојат реални шанси новиот модел да биде понуден најмалку во три земји – Германија, Италија и Франција, на кои сигурно ќе им се придружи и Велика Британија.

За тоа ќе помогне токму PHEV погонскиот склоп кој не само што ги задоволува најновите еколошки норми, туку има и значително пониски емисии од сегашните агрегати – 1,5 литарскиот бензинец со 163 и 2,2 литарскиот дизел со 148 KS.

Бидејќи од Mitsubishi демантираат дека имаат некаква одлука за тоа, а дилерите молчат за да не ги загрозат преговорите со нив, не може да се знае кога да се очекуваат попријатни вести за љубителите на марката.

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот