Стручното жири составено од 59 членови кои доаѓаат од 22 европски држави за “Автомобил на годината во Европа“ го прогласи Toyota Yaris.
Титулата “The Car of the Year 2021” и припаѓа на Toyota Yaris.
Ова е веста која денеска (01.03.2021) на онлајн презентацијата пренесувана преку службениот сајт на Geneva International Motor Show беше соопштена на јавноста.
На годинашниот избор, одржан под многу специфични услови предизвикани од пандемијата, во најтесниот круг беа номинирани 7 модели.
Според традицијата започната во 1964, Изборот на Автомобил на годината во Европа доделува само една награда.
И тоа, секако, највредната автомобилска титула на Стариот континент.
Стручното жири кое го врши изборот на претставените модели од минатата година, е составено од 59 новинари кои доаѓаат од 22 европски држави.
Според нивно мислење конечниот редослед на номинираните финалисти излгледаше вака:
– Toyota Yaris: 266 поени
– Fiat New 500: 240 поени
– Cupra Formentor: 239 поени
– Volkswagen ID.3.: 224 поени
– Škoda Octavia: 199 поени
– Land Rover Defender: 164 поени
– Citroën C4: 143 поени
Во аналите на “The Car of the Year” изборот стои дека тоа е формирано од најугледните автомобилски списанија во Европа: “Auto” од Италија, “Autocar” од Обединетото Кралство, “Automobil Revue/Revue Automobile” од Швајцарија, “Autopista” од Шпанија, “AutoTrends” од Белгија, “Autovisie” од Холандија, “Firmenauto” од Германија, “L’Automobile Magazine” од Франција и “Vi Bilägare” од Шведска.