Со понатамошен развој на хибридната технологија, Toyota успешно го надокнадува недостатокот на понуда на возила со дизелски мотори. Дружбата со целосно новиот RAV4 успеа да не увери во исправноста на таа стратегија.
Генералниот директор на Toyota, Акио Тојода пред извесно време најави дека неговата компанија ќе гради возбудливи возила. Неговиот главен инженер, Јошиказу Саеки ја презема задачата за напуштање на досадните облици.
Кога во тоа светло ќе се погледне целосно новиот RAV4 се чини дека ветувањето е оствaрено. Тој е се друго освен досаден. Всушност, сега RAV4 изгледа повозбудливо од било кога.
Новата хибридна технологија која го прати впечатливиот облик, доаѓа со речиси исти цени како и претходникот. Целата приказна започнува со бензинецот од 175 КС кој се нуди по цена од 24.990 евра.
Надоградбата оди преку хибридната верзија со преден погон чија цена започнува од 30.990 евра за да заврши со најплеменитиот експонент во кој се вградува додатен електромотор во задниот дел (системска силина од 222 КС) со што RAV4 добива и погон на сите четири тркала.
Хибид кој ги надминува очекувањата
Во Toyota се прорачунале дека треба да им покажат на конкурентите кој тоа е најдолго на пазарот на хибридни возила. Па така, темелно е преработен 2.5 литарскиот бензинец кој и покрај големината има само четири цилиндри.
Односот во коморите за согорување е променет, компресијата му е зголемена од 9.3 на цели 14.0 додека сетотот батерии сместени во подницата полесен е за 11 kg а притоа има и поголем капацитет. Покрај тоа предниот електромотор сега испорачува 88 kW (120 КС).
Во овој состав системската силина изнесува 218 КС додека ако е вграден и електромотор на задната оска од 40 kW системот испорачува цели 222 КС.
Во зависност од потребите SUV-от со средна големина ја рапоредува расположливата силината само на предната оска или пак во случај на потреба испраќа на задната оска до 80% од вртежниот момент.
За максимизирање на тракцијата се грижи електрониката која во зависност од условите на тркалото со најдобар контакт испраќа најголем дел од силината.
Дали е тоа доволно за SUV кој тежи нешто над 1.700 kg? Забрзувањето од 8.1 секунди и максимумот од 180 км/ч го даваат вистиснкиот одговор.
Благодарејќи на двата електромотори притисокот на папучата за гас веднаш го дава очекуваниот ефект. Општо земено, новиот RAV4 пред се е подесен на удобност. Се чини дека таа особина им била примарна на конструкторите, динамиката како да е ставена во втор план.
Возилото ќе успее да се справи со секој вид на патни услови, па дури и по секаков терен без притоа да покаже нервоза. Од друга страна, спортски настроените рекреативци можеби повеќе ќе очекуваат од 222 КС, но освен перформансите од еден врвен хибрид се очекува и скромна потрошувачка.
Ете тоа е точката каде што се спојуваат инженерските решенија. И кога се бројките за потрошувачката тема, тогаш треба да се знае дека RAV4 пријатно ќе изненади во тешките градски појди/застани услови, додека брзите автопатски делници во принцип ќе паднат врз плеќите на големиот бензинец.
Опрема за пример
Во своите хибриди Toyota вградува интелегентен автоматски безстепенски CVT менувач. Тој е сместен помеѓу попречно поставениот мотор и предниот електромотор, што значи дека е прилично близу до кабинскиот простор.
Тој момент доаѓа до израз при нагли забрзувања каде што целиот склоп станува малку погласен од очекуваното.
Темелната изолација спречува понатамошно влошување на аудио перцепцијата, а за секој случај тука е и врвниот мултимедијален систем кој доминира во кабинскиот простор.
Останатите уреди кои се грижат за безбедноста и пријатната внатрешност, се во полн состав. Поготово импресивно делува сликата која се гледа на големиот екран при возење наназад. Да, и удобното седење на сите позиции ќе придонесе за чувството на комоција исто како и големиот и употреблив багажник.
Што уште му треба на еден SUV со средна големина? Речиси ништо не би посакале повеќе. Да освен (по)нормална субвенција од надлежните, ако ништо друго, за стимулирање на купувањето на еколошки прифатливи возила!
Toyota RAV4 Hybrid AWD-i E-CVT | |
мотор | Бензиски, четири цилиндри, линиски, сместен напред попречно |
работна зафатнина | 2.487 cm3 |
напојување | директно и индиректно вбризгување на гориво, две брегасти оски, четири вентили по цилиндар, |
максимална силина | 130 kW / 177 КС @ 6.000 |
максимален вртежен момент | 221 Nm @ 1.750 – 2.500 врт/мин. |
максимална силина на предниот електромотор | 88 kW / 120 КС |
максимална силина на задниот електромотор | 40 kW / 55 КС |
Системска силина | 222 КС |
пренос на силина | CVT (континуиран пренос) автоматик , AWD – погон на двете оски |
потпирање | Напред: Mc Pherson пружини, попречни рамења, стабилизатор Назад: мултилинк оска, спирални пружини, стабилизатор |
сопирачки: напред / назад | самовентилирачки дискови / дискови – ABS, EBD, ESP |
должина x широчина x височина | 4.600 x 1.855 x 1.685 (mm) |
меѓуоскино растојание | 2.690 mm |
тежина | 1.650 – 1.730 kg |
максимална брзина | 180 km/h |
забрзување од 0 – 100 km/h | 8.1 секунди |
комбинирана потрошувачка | 4.4 – 4.5 l/100km (според NEDC) |
емисија на CO2 | 128 / 130 g/km (според WLTP) |
Интересно
-
Актуелен Миг
/ пред 4 неделиДомашна премиера на BMW X3
Четвртата генерација на BMW X3 доаѓа со целосно нов изглед, со бензиски, дизел...
Од Autoinfo.mk -
Колумни
/ пред 2 месециЕвропа ја губи трката
Кризата во автомобилската индустрија се посилно ја притиска европската економија. Состојбите воопшто не...
Од Autoinfo.mk -
EV
/ пред 2 месециZeekr Mix: врвниот семеен ван, во Кина ќе чини неполни 36.000 евра
Брендот Zeekr на Geely има полни раце работа со проширување на својата гама....
Од Autoinfo.mk