СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Toyota H2+ Concept: Спортист на водород со секси изглед

 

На Toyota никогаш не и недостасувале спортисти кои изгледале одлично. Сепак, делото на шпанскиот дизајнер Давид Галего заслужува сериозно внимание.

Toyota, со 9.5 милиони единици, е далеку најголем автомобилски бренд во светот. Затоа и сосема е разбирлив интересот на врвните професионалци од областа за соработка со Јапонскиот гигант.

Интересен е предлогот на шпанскиот дизајнер Давид Галего (David Gallego) кој изработи дизајнерски концепт на тема, електричен спортист. Проектот сугестивно е наречен Toyota H2+ Concept за да јасно алудира на погонска електрика која би се добивала од модул на горивни ќелии.

Сериозноста на предлогот се огледа во фактот што Toyota одамна ја има усвоено технологијата на горивни ќелии (како гориво се употребува водород) која како продукт од „согорувањето“ ослободува само чиста дестилирана вода.

На сцена сега е втората генерација на модулот на горивни ќелии која се вградува во серискиот модел, Toyota Mirai.

Специфика во дизајнот на H2+  е долгиот нос, острите линии и малата височина од само 101 cm. Веднаш се поставува прашањето каде се поставени резервоарите за течниот водород. Поставувајќи ги под долгата хауба, шпанскиот дизајнер покажува инвентивност и практичност.

За погон на спортистот предвидени се четири електромотори кои би биле сместени на самите тркала. Токму затоа и посебно дизајнираните наплатци е направен така да тие служат и за ладење на моторите.

Пропорциите (4,381 x 1,813 x 1,010)mm заедно со меќуоскиното растојание од 2.615mm создаваат впечаток на вистински спортист со големи капацитети. Во флексибилната внатрешност може да се сместат еден, двајца или три патника.

Технологија на горивни ќелии Toyota ја има, сега има и одличен предлог за изглед на еколошки чист, електричен спортист – што друго им е потребно за сериска продукција?

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот