СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Toyota е највредна автомобилска марка во светот

Стручњаците на Interbrand кои секоја година објавуваат листа на највредните марки во светот ја проценија Toyota на 51,6 милијарди долари.

Со тоа Toyota го освои престижното топ-место меѓу автомобилските марки, и тоа 17 пат во историјата.

Јапонскиот производител воедно го зазеде високото седмо место на вкупна листа на водечки светски брендови, на чиј врв нема многу изненадувања – тој по традиција е резервиран за технолошките компании Apple, Amazon и Google.

Меѓу автомобилските марки Mercedes е втор највреден во оваа 2020 година, додека на третото место е  BMW.

Клучот на успехот на Toyota е разновидноста на моделите достапни низ целиот свет и поставувањето на нови трендови во модерната автомобилска индустрија.

Марката во првите шест месеци годинава продаде 4,02 милиони автомобили, остварувајќи импресивни 12,4 отсто учество на глобалниот автомобилски пазар.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV