СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Hyundai го врати Донкерволке во своите редови

Раководството на корејскиот производител успеа да го убеди белгискиот дизајнер да се врати во компанијата, сега на новосоздадената позиција главен креативен директор.

Лук Донкерволке кој наново го постави стајлингот на Hyundai, Kia и Genesis, во март поднесе оставка од функцијата главен дизајнер, како што беше соопштено, за да се фокусира на своето здравје.

Тој сега ќе ги води дизајнерските комуникации за брендовите на Hyundai Motor Group и ќе соработува со центрите за дизајн во развојот на концептните возила.

„Го започнувам ова мое второ поглавје во Hyundai за да ја консолидирам креативноста”, изјави Донкерволке. „Во соработка со дизајнерските тимови ќе комуницираме за различноста и богатството на дизајнот на брендовите на групата”.

Доаѓајќи од Volkswagen, Донкерволке во 2015 година се приклучи на Корејците за да го води дизајнот на Hyundai и Genesis, за подоцна да стане главен директор за дизајн на целата група.

За ова кратко време тој остави длабока трага во новата генерација на возила – со поемотивниот и индивидуално прилагоден стил ги оддалечи моделите на Hyundai од семејниот изглед, а на Genesis како премиум бренд му даде независен идентитет.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV