СЛЕДЕТЕ НЀ

Во светот

Toyota останува во европскиот А-сегмент

 

Два дена откако европското жири за избор на автомобил на годината му ја додели титулата на Yaris, Toyota потврди дека останува во европскиот А-сегмент.

Ако досега имаше двоумења дали Toyota ќе остане присутна во најмалата европска класа, сега сé е веќе јасно – наследникот на Aygo веќе се развива.

До оваа дилема дојде откако PSA групата и Toyota не го продолжија партнерството со кое во заедничката фабрика во Чешка ги произведуваат 108, C1 и Aygo, по што таа премина во јапонски раце.

За неизвесноста значајно придонесе и недостатокот од официјални информации што во иднина таму ќе се произведува, но сега тоа и веќе не е битно бидејќи Јапонците потврдија дека остануваат во европскиот А-сегмент.

Во нивната вест се наведува дека наследникот на Aygo, кој сé уште не се знае дали и понатаму ќе се вика така, ќе биде поставен на истата GA-B платформа од Yaris и идниот Yaris Cross.

Тие заедно треба да придонесат за годишна продажба од половина милион возила базирани на неа, што треба да придонесе за нејзината исплатливост и задржувањето на пристапните цени кои се клучни за опстанок во овие европски сегменти.

За повеќе за самиот модел и за тоа како Toyota ќе се справи со предизвиците на електрификацијата која претстои и на оваа класа возила, ќе дознаеме наскоро.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот