СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Tipo Cross: Членот кој недостасуваше

 

Постојната гама на семејството Fiat Tipo составена од Hatchback, Sedan и Station Wagon верзиите сега се збогатува за уште еден член, Tipo Cross.

Гамата на каросериските изведби на Tipo добива ново друштво, кросоверот Cross. Новиот член се придружува на семејството кое е освежено како со нова естетика, така и со нови механички компоненти.

Видливата страна на промените се отсликува преку редизајнирана маска, осовременети предна и задна светлосна група со LED осветлување, нови тркала од 16 и 17 инчи како и со декоративни лајсни кои ја надополнуваат целата слика.

Промени има и во внатрешноста: нови се седиштата, таблата со инструменти е електронска и може да се конфигурира а тука е и поголемиот инфо-забавен систем со екран кој има дијагонала од 26 cm.

Обемни новини има и во механичката секција: познатата гама мотори со излезна моќност од 95 КС (бензин 1,4  и турбо дизел 1.3 литри) сега се проширува со целосно нов трицилиндерски турбо бензинец од 1.0 литри (100 КС) како и со 1.6 Multijet од 120 КС.

Новата каросериска изведба е наречена Cross и го комбинира новиот турбо бензинец со 100 КС и нивиот пакет на опрема, исто така наречен Cross!

Cross изведбата со 7 цм подигнатата каросерија и кросовер обележјата прави јасна дистинкција од постарите членови на семејството.

На повисоко ниво е подигната и опремата во која се вклучени и автоматизирани функции овозможени од вградениот радар.

Првиот визуелен контакт остава многу пријатен впечаток, а кога ќе се погледне и цената (акциска) од 16.500 евра позитивните реакции преминуваат во достапна реалност.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг