Tesla Model Y е целосно електричен SUV со средна големина, дизајниран за максимална употребливост и безбедност. Почетната цена е позиционирана на 39.000 американски долари за верзијата Standard Range, а исто така ќе доаѓа и со два мотора и погон на сите тркала како и во спортска варијанта.
Погон кој овозможува врвни перфоманси и престој за до седум патници е нешто што се очекува од SUV со средна големина на кој стои потписот на Tesla.
Забрзување до 100 km/h кое трае пократко од 4 секунди, максимална брзина од 242 km/h како и автономија од 370 km (во основна верзија), се исто така очекувани перформанси кога говориме за производител со лидерски амбиции.
Најавите говорат за варијанта со поголем капацитет на батериите која со едно полнење на батериите би требало да дофрли до над 480 km.
Ентериерот е изграден според добро познатиот, и сега веќе на широко прифатен, стил со тоа што за влегување во возилото не ви е потребен клуч туку е доволна само апликацијата симната на вашиот мобилен.
Се чини дека без голем екран, овде е со големина од 15 инчи, ниту еден модел на Tesla не би можел да функционира.
Сите команди можат алтернативно да се изведуваат преку мобилна апликација од системот Tesla Mobile со што се добива впечаток на вистински автомоибил од иднината.
Зголемената ефикаснот на погонскиот склоп се должи и на аеродинамичниот облик, додека ниското тежиште предизвикано од батериите поставени на самата подница, ја дава неспоредливата стабилност.
Како и останатите модели на Tesla така и Model Y може да се полни во мрежата од супер брзи полначи кои веќе се поставени на 12 илјади места.
Првите испораки се очекуваат на есен 2020 година. Тоа важи за Model Y Performance, Long Range со погон на задната оска и верзијата со двоен мотор и погон на сите тркала, а малку подоцна, во пролетта 2021 се очекува стандардниот модел чија цена на американскиот пазар започнува од 39.000 долари.