СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Tesla нé запозна со мобилната иднина

 

Со импресивна презентација во Холивуд, преку три нови производи, Tesla ја прикажа својата блиска иднина.

Најавен, па двапати одложуван и на крајот We’ Robot настанот одржан на 11.10.

Како што и доликува на Tesla, со многу помпа, многу спектакл, но и со добар повод за тоа.

Технолошкиот див, во филмските студија на Warner Bros, покажа дека и во иднина ќе ги диктира правците на развој.

Robotaxi (Cybercap), Robovan и хуманоидниот робот Optimus се три концепти на кои им беа доделени главните улоги.

Под светлата на рефлекторите, а под режисерската палка на Елон Маск, на светот му беше покажан правецот по кој ќе се движи мобилната иднина, и роботиката.

Во блиска иднина (пред 2027) реалните концепти би требало да ги видиме по продажните на салони ширум светот.

ROBOTAXI

>> Robotaxi или Cybercap (во игра се и двете имиња) е електричен двосед во кој нема вградено управувач, а ниту пак педали. Јасно, возилото е опремено со систем за автономно возење кое притоа и изгледа одлично.

Некои од видливите специки се отсуството на странични ретровизори и врати кои се отвараат нагоре. Од посебните техникалии се истакнува и безжичното полнење или кажано поинаку, индуктивно полнење на батериите.

Тоа значи дека возилото ќе може да се полни и при движење, под услов коловозот да биде адекватно опремен. Како главно карактеристика, се разбира, е целосното автономно возење, а на техничките спецификации ќе треба малку да се попричека.

Вкупно 20 примероци продефилираа пред воодушевената публика која имаше привилегија во живо да ја види автомобилската иднина.

ROBOVAN

>> Robovan во суштина е„мини бус“ наменет за групен превоз во кој има место за 20 патници. Тој  исто така нема потреба за возач (целосно автономно вози).

Идентична софтверска поддршка како и кај Robotaxi ќе биде ангажирана и кај поголемиот модел. Импресивнiot „сајбер“-изглед јасно дава до знаење за нивото на вградената технологија.

OPTIMUS

>> Хуманоиден робот

Хуманоидниот робот, нагалено наречен Optimus, е наменет за извршување на широк спектар на работни задачи. Тој беспоговорно ќе работи по дома, ќе знае да пазари, но ќе може да извршува и посложени задачи.

Нема да биеме изненадени ако овој робот во иднина ги замени и работниците во производните погони на Tesla.

Сите три нови продукти на Tesla силно се потпираат на вештачката интелегенција која компанијата ја развива со помош на сопствени капацитети.

Во секој случај говориме за висока технологија која е веќе во последна фаза на развојот и која во блиска иднина ќе биде достапна за сериска употреба.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV