СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Subaru за идната година најави електричен SUV

 

SUV од категоријата на Forester кој ќе биде придвижуван на електрична енергија ќе биде претставен во првата половина од следната година.

Есента 2019 година, Toyota реши да го зголеми својот сопственички удел во Subaru од 16,83 на 20 проценти.

А кога таму e веќе мнозински акционер, чекорот до споделување на најновата технологија е многу логичен.

Рефлексија од тој пристап е првиот целосно електричен Subaru кој ќе се појави на европскиот пазар во првата половина на 2021 година.

SUV со средна големина, од калибарот на еден Forester кој ќе биде поставен врз универзалната електрична платформа на Toyota е веќе подготвен за настап.

Иако подетални информации сеуште не се соопштуваат, реално е да се претпостави дека новиот Subaru со нулта емисија на штетни гасови ќе биде логичен наследник на рендерите од моделот Evoltis кој беше прикажан минатата година.

Во поглед на електрификацијата на своите модели, за сега Subaru се задржува на милд-хибридните варијанти на популарните Impreza e-BOXER, XV e-BOXER и Forester e-BOXER кои сега претставуваат 60% од вкупната продажба.

Јасно е дека станува збор за исполнување на строгите еколоки норми наметнати од Европските регулатори, но сега со несебична технолошка помош од Toyota се зачекорува во целосно ново поле.

Конечно, Subaru е приморан да се откаже од препознатливата технолшка специфика со „боксер“ мотори и симетричен погон на сите тркала и да прејде на електричен погон кој го поседува секој посериозен производител.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV