СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Michelin: од 2023-тата сите автомобилски гуми ќе имаат чипови

 

Францускиот производител на гуми реши – од 2023 година сите негови автомобилски гуми ќе имаат вградено чипови.

Првите интелигентни гуми на Michelin со овие чипови способни за радио-идентификација (RDIF) ќе се појават доста бргу и ќе овозможуваат надзор над нивната состојба.

Меѓу главните параметри што ќе се следат се истрошеноста и напумпаноста на гумата, со што директно ќе се влијае на безбедноста во возењето.

Michelin во моментов работи со производителите на автомобили на алгоритмите кои ќе овозможат безжично поврзување на чиповите во гумите и компјутерот во возилата.

Тие треба да бидат унифицирани и исти за сите возила, а идејата е измерените податоци да се прикажуваат на патниот компјутер.

Со поврзувањето на гумите со возилото ќе се унапреди и работата на безбедносните системи  кои своето дејство ќе го прилагодуваат во зависност од состојбата на гумите.

Од Michelin не соопштуваат колку ова ќе ги поскапи нивните производи.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV