СЛЕДЕТЕ НЀ

Инфо

SsangYong Tivoli 1.2 T-GDi: Нов влезен модел за популарниот SUV

 

Претставен во 2015 година и редизајниран минатата година, Tivoli сега добива нов влезен мотор.

SUV „Б“-сегментот е барана класа во Европа. Сите производители веќе имаат или подготвуваат свои адути за мегдан во класата која претендира на помладата популација.

SsangYong, Корејскиот SUV специјалист, во оваа класа го има Tivoli, најпродаваниот свој модел.

Се до сега на Европскиот пазар Tivoli се нудеше со 1.5 литарски турбо бензинец (162 КС) и современ 1.6 литарски дизел (136 КС), кои преку шест-степенски мануелни или автоматски менувачи ја пренесуваа силината на предната или пак на двете оски.

Сега на ред е влезниот модел кој од поголемиот бензинец прави разлика со поприлично изразени 34 КС. Притоа паѓа во очи моментот кој говори дека Tivoli започнува таму каде што завршуваат конкурентите. Се рабира, овде како тема, ја разгледуваме само силината на моторите.

По угледот на европски староседелци од типот Renault Captur, Peugeot 2008, Hyundai Kona, … SsangYong одлучи на купувачите да им понуди влезен мотор од 128 КС кој ценовно сега ќе биде уште поконкурентен.

Новиот мотор е дело на сопствен развој; зафатнината од 1.2 литри е распоредена во три цилиндри, а тука се присутни и останатите адути на турбо бензинците со директно вбризгување на гориво.

Резултатот е очекуван: просечна потрошувачка од 5.9 литри, и тоа мерени според најновите WLTP процедури. Новиот мотор се испорачува само со мануелна трансмисија и погон на предната оска.

Влезната варијанта на Tivoli се очекува (на Италијанскиот пазар) да биде за околу 1.000 евра поефтин од 1.5 литарскиот мотор што не е можеби доволна сатисфакција за недостатокот од еден цилиндар.

Но притоа треба да се има на ум дека сега и најосновната варијанта се испорачува со опрема која порано се добиваше само со доплата. Уште повеќе, Tivoli заедно со 1.2 T-GDi моторот, нуди нова внатрешност, дотерана надворешност, и можеби најважното, одлична механичка и акустична изолација.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Инфо