СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Giulia GTA и GTAm: Емоции во чест на јубилејот

 

По повод 110 години постоење, Centro Stile Alfa Romeo ја нацрта, а работилницата Autodelta од Болоко механички ја преработи Giulia Quadrifoglio, за да на крајот ја добиеме имепресивната, Giulia GTA!

Прославувањето јубилеи е одличен повод за претставување „спешл едишн“ модели наменети за мал број фанови.

Во таа смисла, 110 години постоење е повеќе од добра причина. Ангажманот на Centro Stile е сосема логичен исто како и на работилницата Autodelta од Болоко, за адекватно прославување на јубилејот.

За основа е земена спортската Giulia Quadrifoglio а целата е очигледна. Најдоброто да биде преработено до перфекција. Така е родена Giulia GTA која се повикува на истоимениот супер успешен спортист од 1965 година.

Моторот е варијација на добро познатиот V6 од 2.9 литри кому му помагаат две турбини. Силината од 505 му е подигната на 540 КС а што е уште поважно вкупната тежина е намалена за 100 kg. Тоа значи дека сега  Giulia GTA има однос на тежина спрема силина од 2.82 кг/КС.

Стилот и визуелната перцепција никогаш не биле дефицитарни кај Alfa Romeo, а кај новиот GTA (GTAm се разликува само според аеродинамични детали) посебно е внимавано на боите кои се комбинации од италијанското знаме. Црвената сама по себе се подразбира!

Во емоциите предизвикани од типичен Alfa Romeo ќе можат да уживаат вкупно 500 сопственици кои ќе го платат своето задоволство по цена која се движи помеѓу 143.000 и 147.000 евра (плус ДДВ).

Како за врвен мерак, и не е така многу. Само пандемијава да не ги поремети плановите, … и мераците!

 

 

 

 

текст: Агрон Сулејман

фото: Alfa Romeo

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV